X
 11.12.2018 Култура

Помалку претстави за возрасни, повеќе за деца во сезоната 2017/2018

Вкупниот број прикажани претстави во професионалните театри е намален за 13,7 отсто, а бројот на посетителите е намален за 2,2 отсто во периодот 2017/2018 во споредба со 2016/2017, објави Државниот завод за статистика. Просечниот број на посетителите на една претстава изнесува 210.
Во периодот 2017/2018 година, во споредба со периодот 2016/2017 година, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е зголемен за 16,2 отсто, а за 27,9 отсто е зголемен бројот на посетителите.
Бројот на прикажаните претстави во аматерските театри е намален за 45,5 отсто, а вкупниот број на посетителите е намален за 51,2 отсто.
Во периодот 2017/2018 година, во споредба со периодот 2016/2017 година, бројот на концертите е зголемен, додека бројот на посетителите на Филхармонијата е намален.
Кај професионалниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“, во периодот 2017/2018 година, во споредба со 2016/2017 година, е забележано зголемување на бројот на самостојните приредби (концерти) и на бројот на посетителите, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.


Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура