X
 21.05.2021

28.217 денари е просечната нето-плата за март

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2021 година, во однос на март 2020 година, изнесува 106.8.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (17,9 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (12,3 %) и информации и комуникации (12,1 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: рударство и вадење на камен (14,9 %), дејности на здравствена и социјална заштита (5,3%) и градежништво (4,0 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2021 година, изнесува 28.217 денари.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk