X
 11.12.2019 Живот

Корените на традиционалните обичаи за време на венчавките

Предавањето на невестата од страна на таткото во почетокот значело професионална трансакција, додека бурмата се носела на левата страна бидејќи така е поблиску до срцето.


Свадбените обичаи, кон кои многу парови се придржуваат, а кои се поврзуваат со љубовта, пријателството и забавата, всушност имаат практични корени. Дали знаете од каде започнале некои од најчестите обичаи на свадба?

Најава на венчавката


Овој обичај, кој до ден-денес се задржа во западните земји, барал од парот официјално да ја најави венчавката. Целта на оваа најава било да се уверат дека младоженците не се во родно сродство.

Таткото ја дава невестата


Венчавките некогаш биле „професионални трансакции“, па во таа смисла таткото ја следи невестата до олтарот за „сопствеништвото“ да го предаде на зетот. И не е толку романтично, нели?

Ергенска вечер

Вакви забави во почетокот организирале спартанските војници, а се работело за свеченост со која се збогувале од животот како ергени.

Улогата на кумот


Иако денес младоженецот за кум најчесто го избира својот најдобар пријател, на почетокот се работело помалку за квалитетот на пријателството, а повеќе за вештините за мечување. Имено, во некои случаи на зетовите им била потребна поддршка во вооружувањето.

Церемонија на обреди

Невестата во текот на обредите стоела од левата страна бидејќи на младоженецот му била потребна десната рака, во случај да треба да ја одбрани идната сопруга од другите, разочарани мажи кои претходно ја запросиле, а биле одбиени.

Ставање прстен на рака

Бурмата се носи на четвртиот прст на левата рака бидејќи старите Грци и Римјани верувале дека жилата од овој прст оди директно до срцето.

„Врзување јазли“


Изреката потекнува од буквалната практика кога на паровите им ги врзувале рацете бидејќи со тоа се симболизирала обврската кон која морале да се придржуваат при стапување во брак.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот