Во кинеското село Хуанглуо живеат жени од племето Јао кои имаат најубави коси на светот. Нивната коса е долга, силна, здрава и без ниедно
бело влакно, а сето тоа го имаат благодарејќи на традиционалниот, многу едноставен начин на одржување на косата.
Имено, жените од племето Јао својата коса ја мијат со оризова вода – водата што останува по варењето на оризот. Тајната е во антиоксидантите кои зрната од ориз ги ослободуваат при варењето, а кои се многу благотворни за косата.
Аминокиселините кои можат да се најдат во оризовата вода го јакнат коренот на косата, што помага при опаѓањето и обезбедува поголема густина, а нежната мекост што останува во косата после миењето со оризовата вода, ја прави сјајна до следното миење.