X
 28.09.2016 Култура

Најбизарните народни обичаи


Некои од овие обичаи се табуа, некои се конфронтирачки, а сите се подеднакво бизарни.



1. Сечење прсти

Смртта на член од семејството во племето Дани, во Индонезија, најавува голема емоционална и физичка болка за жените. Покрај неизбежното емоционално страдање и тага, жените од племето Дани, својата болка ја манифестираат и на физички начин - со отсекување на прст кога некој близок ќе почине. Овoj необичен и бизарен обичај се практикува како чин на задоволување на духовите на предците. Пред отсекувањето, прстите триесеттина минути се држат врзани со коноп, за да се умртват. Потоа раните се палат, за да остане впечатлива лузна.

Сечење прсти


2. Самоповредување

Шиитските Муслимани  се познати по мачеништвата, па ни обичајот Ашура не е исклучок, а се практикува во знак на сеќавање на смртта на внукот на пророкот Мухамед, Имамот Хусеин. Тој со своите другари настрадал од повеќе удари со боздоган во главата, при што реки од крв течеле по муслиманските улици. Ритуалот денес се изведува како средство за ослободување од гревовите, па луѓето самите се повредуваат како чин на жалење што не биле присутни за да го спасат Хусеин.

Самоповредување


3. Ескимското ритуално погребување

Иако сè поретко се практикува, широко е познат ескимскиот обичај кога постарите и изнемоштени лица  соочени со смртта  се оставаат сами да пловат на мали ледени санти. Ескимите веруваат во задгробен живот, а со овој обичај на старите им се обезбедува достоинствено и елегантно да заминат во смрт, без да бидат товар на блиските.


4. Канибализам

Племето Јамомамо живее во селата околу Амазон, на границата помеѓу Венецуела и Бразил. Тие се познати по својата традиција на ендоканибализам кога ќе почине некој близок. Овој бизарен културен обред  предвидува телото на починатиот да се спакова во листови за да им се овозможи на инсектите да стигнат до него. По 30 до 45 дена, остатоците се собираат и се мешаат во супа од банани, која сите ја конзумираат. Една година подоцна, пепелта што останува после овој обред, исто така се конзумира. Според верувањето, овој ритуал обезбедува душата на починатиот полесно да го најде патот до рајот.

Канибализам


5. Жртвување мечки

Народот Ауину е автохтоно племе кое живее во северните делови од Јапонија и Русија. Тие имаат традиционален обичај да жртвуваат мечки, за кои веруваат дека се богови што живеат меѓу луѓето, а жртвата претставува благослов за духот на човештвото. Ритуалот вклучува колење на мајката-мечка  додека се наоѓа во состојба на хибернација, и одгледување на нејзините младенчиња  во период од две години, после кој ги дават или колат во знак на верска посветеност. После жртвувањето, крвта од мечките ја пијат, а месото го конзумираат.

Жртвување на мечки


6. Пренесување на жените преку жар

Иако не е специфичен за Кина, сепак интересен е  ритуалот кој го обврзува кинескиот маж да ја пренесе својата сопруга преку  зажарен јаглен пред таа да  го помине прагот од  новиот, заеднички дом. Според традицијата, со ова се обезбедува лесна работа на „новопечената“ сопруга, но истовремено претставува и средство за спречување природни катастрофи.

Пренесување на жената преку жар


7. Живеење со лешови

Одредени етнички групи во Индонезија практикуваат ритуал на живеење со телата од починатите, месеци пред да ги погребаат. Ги облекуваат во специјална облека и ги чуваат на сигурно место во одделна соба, сè до погребот. Ритуалот  помалку е поврзан со  традицијата, а повеќе со финансиските средства: погребите чинат многу, па некогаш на семејството им требаат месеци за да соберат доволно пари.

Живеење со лешови
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура