X
 11.12.2019 Образование

Предмети што секое училиште треба да ги има

Кога сме деца, не сфаќаме дека знаењето е моќ. Освен тоа, не ги сакаме домашните задачи и тие нè прават помалку желни за учење. Се чини дека наставниците конечно се на пат да го сфатат ова, па во училиштата низ светот има лекции што им помагаат на учениците да бидат вклучени во самиот процес и така почнуваат да уживаат во часовите.

1. Час по среќа, Германија

Како да станете среќни? Многу од нас би сакале да ја откријат тајната, а во Германија децата учат да живеат во хармонија со себе и со светот. Часовите по среќа се вклучени во повеќе од 100 училишта, а во едно од нив директорот ги држи овие часови. Нема тестови, ниту испити во текот на годината и секој ученик се труди да го реализира сопствениот проект за љубезност.

Слични лекции има и во други училишта низ светот, како во Бутан и Австралија.

2. Истражување, САД

1
Фото: East News


Ова е практичен час. Учениците одат во различни делови од градот. На пример, во локална фарма, супермаркет, ресторан или фабрика за отпад. Часот се држи еднаш неделно и трае 5 часа. По секое патување наставникот го објаснува теоретскиот дел од лекцијата. Ако лекцијата е за храна, децата откриваат од каде доаѓа храната и која е нејзината вистинска цена, како се одгледува зеленчук и слично.

Откако ќе ја научат новата информација, учениците отвораат ресторан: купуваат и приготвуваат храна, служат и чистат. Програмата вклучува и развивање бренд и концепт за ресторан, а учениците учат за свесно производство за храна.

3. Комуникации, Шпанија


Овој предмет е задолжителен во Шпанија. Сите ученици од 3. до 11. одделение го имаат овој час. Лекциите се доста пријатни: учениците гледаат филмови и разговараат за различни ситуации. Чести се темите како комуникација со другите луѓе и решавање различни проблеми. Децата учат како да ги контролираат нивните емоции и ги слушаат другите луѓе. Секоја недела тие разговараат за сериозни социјални проблеми.

2
Фото: East News


4. Домаќинство, Шведска

Предметот не е само за девојчиња, туку и за момчиња. Сите седат заедно, шијат, користат алати и градат куќички за птици. И, секако, учат да готват. Исто така, имаат и теоретски дел: учат правила за здраво јадење, ги пресметуваат важните хранливи материи, па дури и како да состават семеен буџет.

Освен тоа, наставниците ги учат и како да бидат клиенти, кои се нивните права и каде да ги бараат.

5. Шумско училиште, Велика Британија

3
Фото: East News


Учениците во Британија уште од мали ги чувствуваат шумите како свој дом. Тие учат како да се ориентираат во шума, како да сечат гранки, како да запалат оган и како да разликуваат растенија и печурки што се јадат.

6. Час за дебатирање, Холандија и Израел


Во Холандија овие часови се дел од часовите по јазици. Децата се делат на две групи и мора да дискутираат од различна гледна точка. Децата не одлучуваат која теза ќе ја бранат, за тоа одлучува наставникот, кој подоцна оценува колку добро се презентирани информациите. И најважно, наставникот гледа дали има некакви знаци на агресија за време на жешката расправија.

Овие часови ги има и во Израел. Таму учениците дискутираат за техниките на говор, содржината, говорот на телото, мимиките и внатрешните сензации доживеани во текот на дискусијата.

7. Сајбер-безбедност, Израел

Младите блогери постираат безброј фотографии и видеа онлајн и имаат сопствен јутјуб-канал. Родителите, па дури и докторите се загрижени за растечката зависност на децата од технологијата. Токму затоа постои предметот сајбер-безбедност и е чест во училиштата во Израел. Наставниците ги учат децата за правилата на однесување кога се онлајн и споделуваат животни трикови за тоа како да реагираат и да одговараат на негативни коментари.

Исто така, децата учат како да избегнат да бидат измамени од хакери, како да не ги заразат со вируси телефоните и компјутерите, и како да ги заштитат личните податоци. Се обрнува внимание и на зависноста од игрите.

8. Вештачка интелигенција, Кина

5
Фото: East News


Часовите по вештачка интелигенција ги има и во основно и во средно училиште во Кина. Предметот е нов и се појави во текот на оваа година. Во 10 серијали од книги, учениците учат не само за историјата на развој на вештачката интелигенција, туку и како да ја користат. На пример, препознавање лице, автономно возење и социјална безбедност. Освен досадните часови по теорија, децата прават и роботи за да го вежбаат она што го научиле.

9. Јога, Велика Британија, САД, Австралија

Дали одите на јога-часови по работа за да го намалите стресот? Учениците во некои земји имаат среќа затоа што можат да медитираат на училиште. Така, има јога-часови во Британија, Австралија и во САД во средните училишта.

Часовите се држат двапати неделно и траат по 40 минути. За да го добијат правото да предаваат, наставниците мора да поминат низ детална 6-неделна подготовка. Тие обрнуваат внимание за тоа како работи нервниот систем на децата и им помагаат на оние деца на кои им е тешко да медитираат. Помладите деца медитираат само неколку минути за да се смират и да практикуваат трпеливост, додека тинејџерите учат како да се справат со конфликти што се неизбежни во која било група луѓе. Учат како да ги искажат емоциите и да ги решат проблемите смирено.

Учениците учат вежби за дишење, а се смируваат користејќи ненасилна комуникација. Главната цел е размислување за добрите работи што можат да му ги кажат на напаѓачот за соодветно да ги искажат чувствата.

10. Сурфање, Австралија, Нов Зеланд, Хаваи


Австралија е опколена со океани и луѓето сурфаат цела година. Австралијците уште од мали учат да сурфаат, а часовите по сурфање се задолжителни.

Овој вид спорт е совршен за телото - погледнете ги совршените тела на професионалните сурфери. Исто така, предметот ги учи децата да живеат во хармонија со природата. Не сите ученици можат да го учат овој предмет - само оние што живеат близу океан.

11. Восхитување на природата, Јапонија

Јапонците сметаат дека проучувањето на природата не е доволно, па затоа треба и да ѝ се восхитуваме. Во оваа земја пред будизмот бил присутен шинтоизмот, а еден од неговите главни принципи е восхитување на природата. Во моментов многу јапонски училишта имаат предмет за восхитување на природата и тој е задолжителен.


Нема досадни часови во затворени простории, туку интересни екскурзии. Прекрасни места, растенија, птици и животни. Децата се во можност не само да ги видат на слики, туку и во реалноста. Наставниците ги учат децата да го сакаат светот околу нив и ги учат да ја гледаат хармонијата во природните настани и да бидат внимателни за тоа што прават во природа.

На крајот, децата треба да кажат што им се допаднало најмногу. Децата заработуваат поени за нивното знаење и вештини, а на крајот од годината прават посебен тест.

12. Наука за животот, Турција

Во првите три години од образованието има 4 главни предмети: турски јазик, математика, странски јазик и предметот наука за животот. Преку овој предмет децата учат за светот околу нив, за тоа како да се грижат за нивното здравје и природата, зошто треба да ги почитуваат другите без исклучок, кои настани се случуваат во земјата и во светот.

Наставниците учат и за етика и за правилата за однесување кога децата одат на гости кај други луѓе. Децата учат за добри манири, како да бидат културни и учтиви. Подоцна овој предмет се заменува со наука и социјални науки.

13. Морал, Виетнам

Во Виетнам образованието е луксуз што не може секој да си го дозволи. Но, виетнамските ученици учат што е добро, а што лошо уште на 6 години. Во училишната програма постои задолжителен предмет - морал. Наставниците им објаснуваат зошто некои работи треба да се прават и кон што водат одредени акции.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование