X
 01.02.2016 Образование

Како училиштата нѐ учат да лажеме дека сме екстроверти?

Сигурно во текот на животот сте напишале CV, со цел да убедите работодавец дека не само што сте вистинската личност за било каква работа, туку и дека имате одлични комуникациски вештини, добри презентациски вештини, комуникација и отвореност и тимски играч.

Можеби сте употребиле само едно од овие клишеа. Можеби сте ги искористиле сите. Можеби сте се обиделе сето тоа да го кажете со сопствени зборови. Како и да е, нешто од тоа сигурно сте напишале.

Овие карактеристики нема да ви донесат работа. Овие реченици ги пишуваат сите, и тие реално не значат ништо, а вие тоа го знаете. Сепак, следниот пат кога ќе го пишувате вашето CV, голема е веројатноста повторно да ги напишете.

Една третина од половина од вас ќе лажат.

Екстроверти и интроверти

Една третина до половина од населението се интроверти. Останатите се екстроверти.

Поделбата на екстроверти и интроверти ја популаризира познатиот психолог Карл Јунг. Екстровертите се луѓе кои уживаат во друштво на другите. Тие сакаат да се дружат, нови места, нови активности и нови луѓе. Тие не сакаат да бидат сами и имаат голем број на познаници. Екстровертите имаат навистина одлични комуникациски и презентациски вештини и се вистински тимски играчи. Екстровертите црпат енергија од другите луѓе, а губат кога се сами.

Интровертите се токму спротивни од екстровертите. Тие се целосни кога се сами, а во друштво тие трошат енергија. Тие се резервирани. Задачите повеќе сакаат да ги решаваат сами, не зборуваат многу, а пред нешто да кажат, добро размислуваат. Интровертите не сакаат големи друштва и големи групи на луѓе. Тоа не значи дека се срамежливи, туку дека подобро се чувствуваат во мал, тесен круг на луѓе на кои им веруваат, отколку да бидат со познаници со кои немаат никаква врска.

Секако, никој не е целосно екстроверт или интроверт. Луѓето кои би биле 100% екстроверти би биле манични, а луѓето кои би биле 100% интровертни никогаш не би ја напуштиле куќата. Сите имаме карактеристики на екстроверти и интроверти, но кај секој од нас карактеристиките на еден или друг, во одреден степен, сепак преовладуваат.

Да се биде повеќе екстроверт или интроверт не е ништо лошо. Тоа е едноставно животен факт. Начинот на кој го процесираме светот и општеството. Нешто од тие двете мора да бидеме.

Зошто тогаш на нашето CV сите ние ги нагласуваме карактеристиките за екстровертот? Зошто мислиме дека тоа што сме отворени или имаме добри комункациски вештини ќе не` доближат до посакуваната работа и позиција? Зошто мислиме дека е добро да се биде екстроверт?

Општеството повеќе цени екстроверти?


Тенденцијата дека екстровертноста се цени, е дел од културната ДНК на западното општество, и не е создадено вчера.

„Фаворизирањето на екстровертноста во западното општество произлегува од античкиот идеал на личноста која знае „добро да комуницира“, односно добрите оратори. Отсекогаш сме биле општество кое повеќе цени акција над контемплација. Оваа културна тенденција стана посебно нагласена кога од земјоделско општество се преминува во индустриско. Одеднаш мораме секој ден да работиме и да живееме со луѓе кои не ги познаваме. За успех и мобилност стана важно да се биде дружељубив и харизматичен“, вели авторката Сузан Каин.

Ако сакаме да не` перцепираат како способни, квалитетни и вредни, мораме да покажуваме карактеристики на екстроверт. Со доаѓањето на социјалните мрежи притисокот е уште поголем. Кога еднаш ќе излеземе од адолесценција, профилот на социјалните мрежи престануваат да бидат лични платформи за забава и стануваат јавни бизнис визит картички на кои се вмрежуваме, ги демонстрираме нашите ставови и им се презентираме на јавноста.

Некој кој е екстроверт, нема да има проблем да додаде што повеќе луѓе, без оглед дали ги знае или не. Нема да му биде проблем јавно да ги истакне своите ставови и идеи. Интровертот 100 пати ќе помисли дали треба некој да додаде или да следи и попрво некоја идеја би му ја кажал на свое блиско лице отколку на целиот свет.

Културата на работата, барем на западот, се` повеќе е моделирана спрема тоа како екстровертите преферираат да работат.

Нагласувањето на заедничка работа, соработувањето и групното решавање на проблемот стана мантра во голем број организации. Се` повеќе компании и организации на луѓето ги сместуваат во групи, во отворени канцеларии, во работно опкружување кое бара соработка и вклученост во креативниот процес.

Сето тоа произлегува од идејата дека креативноста произлегува од „brainstorming“, од разговор, од реакција на идеите на другите.

Но, што ако најдобрите идеи ги имате додека самите играте игри на мобилниот телефон?

Дали училиштата отфрлуваат интроверти?

Фасцинацијата и идеализирањето на екстровертноста започнува многу рано, уште пред да седнеме во училишните клупи. Ако детето на игралиште не се дружи со другите деца туку само седи, првата реакција на родителите е да се запрашаат во што е проблемот? Зошто не си игра со другите? Дали е срамежлив?

Штом ќе одат на училиште, започнува своевидна институционализација на екстровертност. За некој кој по природа е интроверт, класот со 30 други деца не е конструктивно опкружување за работа и учење. Ученикот интроверт од самиот почеток има „хендикеп“. Дури и ако овој проблем се занемари, бидејќи поради техничко ограничување е невозможно да се организира настава која ќе им понуди еднакви услови за образование на сите деца, самиот карактер на настава и вреднување на знаењето и вештините често одат во полза на екстровертните деца.

Професорот поставува прашање, учениците кои го знаат одговорот креваат раце. Наставникот станува некој од нив, ученикот на глас, пред сите, го кажува решението. Некому моментот кога наставникот го станува му е возбудлив и е горд на тоа, меѓутоа некому идејата да стане и пред сите да го каже одговорот или своето мислење, е застрашувачка. Без оглед на тоа, активноста на час се вреднува, а учеството во дискусијата се цени.

Штом децата ќе започнат на училиште, тие веднаш навлегуваат во групни активности. Заеднички, групната работа се поттикнува како иновативно и креативно решение за изведување на настава. На крајот на групната работа, следува презентација пред целиот клас.

Луѓето кои уживаат во работата со другите, кои преземаат иницијатива и едвај чекаат можност својата работа јавно да ја презентираат, за своите карактеристики  ги наградуваат со пофалби и статус во општеството.

Од најраната возраст децата се учат да ја мразат сопствената затвореност. Својот природен карактер да го гледаат како проблем кој треба да се надмине, наместо како нормален, природен дел од својата личност.

И затоа, кога бараме работа, сите ќе напишеме дека сме екстроверти. Барем на хартија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование