X
 11.12.2022 Образование

Професор по филозофија ги подготвува студентите на „Тик-ток“

Дали би сакале да ги научите најтешките лекции по филозофија за само три минути? Токму ова е целта на професорот по филозофија Лев Франкел од Стразбур.

На студентите и средношколците професорот им ги објаснува најголемите идеи и правци во филозофијата преку видеа на „Тик-ток“. Притоа, тој ја користи популарната култура за да ги објасни тешките теории.

- Велиме дека младите не се љубопитни, не поставуваат прашања. Мислам дека тоа е погрешно, тие поставуваат многу прашања. Но, актуелниот образовен систем не поттикнува посочување на ваквите прашања - смета 41-годишниот професор.

@serial.thinker Dahmer avait-il le choix ? #dahmer #déterminisme #librearbitre #philosophie #serialkiller#spinoza ♬ son original - Philosophie Serial Thinker


Тој почнал да ги објавува своите видеа на „Јутјуб“, но дури на „Тик-ток“ тие стигнале до поширока публика. Неговиот профил е именуван „сериски мислител“. Во видеата тој зборува за разни филозофски прашања со едноставен јазик, користејќи примери од серии и филмови.

Неговите видеа имаат милиони прегледи, а студентите се колнат во ефикасноста на неговите видеа. Младиот професор наскоро планира да ја објави и својата прва книга во која ќе се обиде да им помогне на младите да ги положат испитите.

Извор: Moj faks
Насловна фотографија: Tiktok (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование