X
 17.01.2015 Култура

Кралицата која се обидоа да ја избришат од историјата

Други жени владееле како моќни кралици, но таа била прва која станала фараон. 20 години по нејзината смрт, некој се обидел да ја избрише од историјата. Статуите од неа биле искршени, а нејзиното име било отстрането од сите места на кои било најдено.


Хатшепсут станала кралица откако нејзиниот сопруг, кој бил крал починал. Братот на сопругот, Тутмос Трети бил премногу млад за да владее. Хатшепсут станувала сè помоќна кралица и станала фараон. Но, фактот дека фараонот е жена ги плашел сите. Така, таа се обидувала да стане... помажествена.

Честопати, таа била претставувана со брада. Тоа не функционирало.

Каков фараон била?

Сè што знаеме за нејзиното 25-годишно владеење е нацртано или изгравирано. Експертите велат дека имала успешно, мирно владеење, иако некои луѓе никогаш не ја прифатиле. А, тоа, веројатно, е причината зошто некој се обидел да ја избрише од историјата 20 години подоцна.


Нејзиниот храм денес е познато место за туристите. Видеото ја раскажува целата фасцинантна приказна.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура