X
 02.12.2016 Култура

Звучи неверојатно: Ова се некои од луѓето кои биле избришани од историјата

Без разлика на тоа колку неверојатно звучи, бришењето на сите достигнувања на едно лице поради еден прекршок е многу остра казна

Многу од пишаната историја за значајните достигнувања биле пренесени усно. Години подоцна историјата е запишана токму од причината за полесно да се пренесува на генерациите. Меѓутоа некои луѓе и настани се избришани од историјата поради силни причини.

Џек Парсонс


Џек Парсонс беше еден од највлијателните луѓе во неговото време. Пронаоѓачот и научник беше одговорен за една од најважните програми на САД. Тој е еден од основачите на „JBL“, програмата која беше извор на технолошки достигнувања за време на Втората Светска војна. Може да се каже дека оваа програма ги постави темелите на НАСА.

Исто така, тој бил еден од основачите на саентологијата и бил пријател со Рон Хабард. Често себеси се нарекуваше Антихрист и беше опкружен со сомнителни типови. Систематски беше исфрлен од книгите и останал само во фуснотите. Така беше се додека неговата биографија наречена „Секс и ракети" не го виде светлото на денот.

Алтани Хан

Додека името на Џингис Хан претставува синоним за теророр и насилство, Алтани Хан не предизвикува никакви емоции. За време на владеењето на Џингис Хан тој имал три ќерки кои исто така биле бестрашни како што бил и тој, тие ја спасиле империјата по неговата смрт. За жал, многу брзо морало да се борат за одбрана на империјата и поради тоа се изгубија во историјата.

Акенатен

Овој лик е често се споменува во поглед на сличноста со пророкот Мојсеј. Тој имал големо влијание кое било краткотрајно. Тој го вовел монотеизмот кај Египќаните и го уништил полититеизмот, верувањето во многу богови, што било традиција во културата. Било наредено сите имиња на боговите да се избришат, а него подоцна му го направи неговиот син Тутанкамон.

Елизабет Офарел

Ова е приказна за стотици жени кои учествувале во борбите во Ирска во 1916 година, кои ризикувале се за поддршката на републиканците. Офарел била медицинска сестра и поборничка за правата на жените во време кога се сметало дека местото на жените било во куќата.

Кога дошло време за примирје Офарел била избрана да стои до опозицискиот лидер Патрик Пирс да прогласат мир и да го кренат белото знаме за капитулација. Во тој важен момент на Ирската историја била направена фотографија. Но Елизабет не била видлива на таа фотографија. Подоцна фотографијата била ретуширана, па на неа можело да се види само Пирс.

Максимиан

Тоа било класична борба за моќ помеѓу големиет сили кои се стремеле да бидат единствени владетели на најмоќната нација во светот. Во тоа време Константин Велики и бунтовниот Максимиан ја делеле владејачката титула Цезар, а се расправале кој има право над титулата Augustus (врховен командант). Тоа траело со години.

Максимиан бил противник на Христијаните и ги палел нивните храмови и ги убивал. Поради тоа бил непопуларен и на крајот завршил во затвор. Како казна за неговиот криминал и со цел Римската држава да остане чиста и да направи пат за христијанството, тој бил избришан од историјата, а неговите портрети биле отстранети, додека паричките со неговиот лик биле уништени.

Кралица Хатепшут

Хатепшут го наследила престолот на својот маж, фараонот Thutmose I. Нивниот син Thutmose III бил премлад за да го наследи престолот и затоа таа владеала со Египет 20 години. Не се знае за причината, но синот по доаѓањето на власт го избришал секој нејзин спомен.

Избришани во Словенија

Пред прогласувањето на независноста на Словенија во 1991 година, голем број на странци нашле засолниште во поранешната Југословенска Република. Една година подоцна, Владата одлучила да избриши 25.000 луѓе кои не биле етнички Словенци од сите јавни регистри. Битката за враќање на државјанството траела 20 години.

Николај Језов


Језов беше на чело на најозогласената единица која се занимаваше со ликвидација на противниците на Сталин, а потоа тој се најде под нејзиното влијание. Не само што бил мачен и најпосле убиен со членовите на семејството, туку бил систематски избришан од сите фотографии каде што се појавувал заедно со Сталин.

Гота Северан

Терминот Damnatio memorae е римски израз дека проклетството на заборавот се појавува во време кога наследството на некој човек било поважно од еден човечки живот. Бришењето од историјата било резервирано само за најголемите прекршители: еретици, политички престапници и слично.

Гота Северан се обидел да го подели царството на неговиот татко со неговиот ривал и брат Каркала. Но Каркала го убил него и неговата жена и го избришал секое сеќавање за нивното постоење.
SaveSaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура