X
 12.01.2020 Технологија

Лебдечката фотелја од цртаниот филм „Воли“ стана реалност

„Сегвеј“ ја претвори фикцијата од цртаниот филм „Воли“ во реалност. Наскоро ќе имаме опција да не одиме затоа што добивме најудобна фотелја која ќе нè вози каде што сакаме. На пример, од кујна до дневна.

Компанијата „Сегвеј“ го лансира „С-Под“ - возило во кое не морате да стоите, ниту да се наведнувате настрана за да се движи. Само седнуваш, притискаш копче и се движиш.

Од една страна, има куп луѓе кои се очајни бидејќи благодарение на оваа фотелја ќе почнеме да личиме на неподвижни, мрзливи толпи и затоа што, како што предвидуваат тие, тоа ќе предизвика епидемија на дебелина.

- Ова нешто е огромно! На тротоарите во градовите одвај ги собира малите колички. Ова нешто ќе иритира, како и електричните тротинети. Веројатно ќе ги користат богатите деца - пишува еден твитерџија.

Од друга страна, сигурни сме дека ќе се појават луѓе за кои ова ќе биде хит.

Во филмот на „Пиксар“ дејството се одвива во 29 век и откако стотици години го работел она за што е направен, Воли ја открива новата цел во својот живот кога ќе го запознае истражувачкиот робот Ив. Ив штотуку дознала дека Воли случајно нашол начин како да ја спаси иднината на нашата планета и оди назад кај луѓето за да ги извести за тоа. Во меѓувреме, Воли тргнува во потрага по Ив низ целата галаксија. Кога ќе стигне до луѓето, тој открива дека тие се претвориле во мрзи кои непрестајно јадат, зјапаат во екраните и се движат во нивните лебдечки фотелји.

Комерцијалната верзија на „С-Под“ е наменета за употреба во затворени простории, како аеродроми, тематски паркови или палуби во луксузни вселенски бродови. Велат дека е интуитивна и едноставна за употреба. За разлика од обичните сегвеи, не морате да се навалувате нанапред или наназад за да го поместите. Наместо тоа, корисникот се движи со помош на копчиња на навигационата контролна табла. Иако нејзината брзина е заклучена на 12 километри на час, може да се отклучи за да достигне 40 километри на час. Исто така, има домет од 43 километри и може да се искачува под агол до 10 степени. Се закочува со поместување на тежиштето на подлогата, па е речиси невозможно да се преврти.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија