X
 03.06.2023 Култура

„Дестино“ - експерименталниот филм на „Дизни“ за кој беа потребни 58 години да се направи

Освен совети за одржување на мустаќите, тешко е да се види што би имале заедничко шпанскиот надреалист Салвадор Дали и магнатот Волт Дизни.

Откако се преселил во САД, во писмо од 1937 година Дали напишал: - Дојдов во Холивуд и сум во контакт со тројца големи американски надреалисти - браќата Маркс, Сесил Б. Демил и Волт Дизни.

Така, наскоро сликарот на слики слични на соништата ги здружил силите со човекот кој правел детски цртани филмови. За жал, нивниот филм не го доживеал крајот, иако нивното пријателство траело долго, и по завршувањето на договорот за филмот.

Дали го сметал Волт за премиерен надреалистички уметник, така што двајцата развиле блиско пријателство. Како дел од апстрактниот филм што бил во развој, Дизни му предложил неколку цртежи за неговиот сегмент од цртаниот филм. За нивната соработка, тие избрале мексиканска народна песна како основа на тој дел од филмот, наречен „Дестино“.

Дизни го импресионирал Дали со својата имагинација, а Дали гледал на медиумот како идеален начин да ги оживее неговите фантастични визии. Дизни го контактирал Дали и му наложил да работи на сегмент во периодот околу Втората светска војна. Краткиот филм „Дестино“ се одолжувал толку долго, што никогаш не стигнал до играно издание. Проектот заглавил, така што ни Дали ни Дизни не успеал да ја види неговата реализација.

Приказните создадени од Дали и уметникот Џон Хенч од „Дизни“ останале единствениот доказ за интеракцијата. Од 200 скици, четвртина од прелиминарните цртежи биле украдени, оштетени, исфрлени или изгубени низ годините. Обидот да се оживеат цртежите на крајот резултирал со анимиран краток филм од 2004 година, благодарение на внукот на Дизни, Рој Дизни, кој бил извршен продуцент.

За што се работи во цртаниот филм? Во 40-тите години Дали еднаш изјавил дека соработката меѓу него и Дизни била магично изложување на животот во лавиринтот на времето. Двајцата уметници го толкувале проектот на свој начин, без да се задушуваат еден со друг. Иако останале доживотни пријатели и обожаватели, човек се прашува дали судирот на стилови е причина што тие не завршиле ниту еден филм заедно во последните 20 години.


Извор: Movieweb.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура