X
 12.01.2020 Забава

Свадбени суеверија од целиот свет

Дознајте како паровите од различни земји ја повикуваат добрата среќа за најважниот ден од нивниот живот.

Додека за нашите невести важно е да бидат облечени во бела венчаница, за голем број жени низ целиот свет поважно е да имаат парички на нивните чевли кои ќе им донесат среќа. Прочитајте и дознајте за интересните начини на кои паровите ја повикуваат среќата за добар и долг брак. 

Финска

Финските невести не ги оставаат браковите на судбината. За да бидат сигурни дека нивната љубов ќе трае и дека страста ќе гори, тие во рацете држат запалено чкорче додека одат до олтарот.

Кина

Кога станува збор за кинеските традиции, времето е сè. За да се осигурат дека ќе го почнат брак со добра среќа, паровите се консултираат со монах, гатачка, календар или алманах за да го најдат најсреќниот ден за нивната венчавка. При изборот има уште неколку фактори, вклучувајќи ги и родендените на невестата и на зетот. Церемонијата најчесто започнува на половина од часот, за нивниот живот да почне да се движи нагоре, како стрелката од часовникот.

Мексико

Иако една од традициите е невестите да носат бело, тие мора да имаат и посилна боја на нивната облека. Со шиење три панделки под нивната долна облека - жолтата за благослов за храна, сината за добра финансиска среќа и црвената за страст - тие обезбедуваат среќен брак.

Индија

На првиот од трите дена пред свадбата Индијките се тетовираат со природна и привремена боја. Тетоважата се нарекува „хена“ и се става на нивните раце и нозе. Церемонијата трае со часови, а во дизајнот на тетоважата се сокриени и иницијалите на зетот, кој треба да ги пронајде на првата брачна ноќ. Доколку ги пронајде, тие ќе имаат среќа, а доколку не ги пронајде, тој на својата невеста мора да ѝ даде подарок.

Ирска

Традиционално, ѕвончињата ѕвонат на ирските венчавки со цел да се држат подалеку лошите духови и да се обезбеди хармоничен семеен живот. Денес, невестите во Ирска често носат малечки ѕвончиња во нивните бидермаери, како потсетување на нивните свети заклетви - ѕвончињата исто така може да се пронајдат на масите и се чест подарок за младенците. 

Италија

Италијанските парови се познати по кршењето вазни или чаши на нивната свадба. Традицијата вели дека искршените парчиња од вазната или чашата ги симболизираат годините на среќа во бракот.

Англија

Голем број Британци освен вообичаените гости на свадбата канат и оџачар. Традицијата потекнува од пред 200 години кога еден лондонски оџачар му го спасил животот на Кралот Џорџ II. Оттогаш кралот објавил дека оџачарите носат добра среќа и треба да се третираат со почит. Денес се смета за добра среќа ако невестите или зетовите видат оџачар на нивната венчавка, а голем број од нив изнајмуваат оџачар за да ги бакнат невестите за добра среќа. 

Шведска

За да се осигурат дека нивната ќерка секогаш ќе има финансии, родителите на шведските невести им даваат посебен подарок пред церемонијата. Традиционално, нивните мајки ставаат златна паричка во нивниот десен чевел, а нивниот татко става сребрена паричка во левиот чевел.

Чешка

На денот на венчавката голем број невести во Чешка пронаоѓаат ново посадено дрво во нивниот двор, украсено со голем број панделки и обоени лушпи од јајца. Традицијата вели дека невестата ќе живее толку колку што ќе живее дрвото.

Бермуда

За да се осигурат дека новиот пар ќе остари и просперира заедно, на тортата ставаат фиданка. Тие потоа ја посадуваат фиданката во нивниот двор за да може да расте и созрева - исто како нивната врска.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава