X
 12.01.2021 Култура

В сабота гледајте го првиот тизер за филмот „Денот на жената“ од Гоце Цветановски

Режисерот Гоце Цветановски најави дека на 16 јануари (сабота) ќе биде пуштен првиот тизер на играниот филм „Денот на жената“, како и веб-страницата за филмот. Станува збор за социјално-ангажиран крими-трилер кој се фокусира на темата трговија со луѓе, со посебен акцент на насилството врз жените. Пораката на филмот е оптимистична - дека, сепак, правдата е посилна од неправдата.

Филмот е по сценарио на Цветановски, а главната улога ја толкува актерката Слаѓана Вујошевиќ. Двајцата претходно имаат соработувано на повеќе проекти, меѓу кои е и видеоспотот на песна на „Феит ноу мор“, а во последните две години и на „Сказните на Биби“. Општествено-ангажираниот филм, кој има модерен и урбан пристап, се снимаше главно во Скопје и на една локација во Куманово, вели режисерот. Директор на фотографијата е биде Фејми Даут, кој заедно со Самир Љума доживеа голем успех со филмот „Медена земја“.

„Денот на жената“ е сценарио што Цветановски го напишал уште додека бил на студии во Франција и му било дипломска работа.




Тој студирал филмско сценарио и режија во Париз, каде што живеел од 1998 до 2015 година. Има режирано и продуцирано околу 20 кратки филма, прикажани на над 100 филмски фестивали во светот, освојувајќи многу награди.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура