X
 12.02.2019 Наука

Вселенска станица во џиновски астероид?

Звучи како сцена од научнофантастичен филм, но научниците всушност ја земаат предвид оваа можност: како да вклопат вселенска станица во внатрешноста на астероид.

Зошто научниците би се одлучиле за ваков бизарен подвиг на астроинженеринг? Бидејќи спинот на астероидот ќе создаде доволно гравитација за рударската опрема да биде ефикасно искористена, давајќи ни начин да ги искористиме богатите минерали и депозити. Покрај тоа, истражувачите укажуваат дека карпестиот труп на астероидот би можел да помогне за безбедноста на рударската станица од опасностите на вселената, како што е космичкото зрачење.

- Товарот што произлегува од центрифугалните сили може да ја направи идејата за вселенска станица во пештерата навистина веројатна - пишуваат истражувачите.

asteroid
Фото: iStock


- Практичните примени ќе бидат од суштинско значење за составот и внатрешната структура на телата - додаваат тие.

Додека димензиите на астероидот искористен во моделите на научниците грубо се совпаѓа со некои вселенски камења што веќе се набљудуваат, голем дел од составот на овие астероиди во моментов не е познат.

Имајќи го тоа на ум, премногу е рано да се започне со работа на астероидна рударска станица. Сепак, истражувањето, кое сѐ уште не е рецензирано, заклучува дека вакво нешто е возможно, можеби со користење метален цилиндар за живеалиштето и опремата.

- Ако најдеме астероид доволно стабилен, можеби нема да ни бидат потребни овие алуминиумски ѕидови, можеби ќе може да се искористи целиот астероид како вселенска станица - вели астрофизичарот Томас Мајндл.

Според Мајндл и колегите, потребно е астероидот да биде создаден од цврст камен и гравитација 38 отсто посилна отколку Земјата за вселенската станица да се задржи на едно место и да се спречи рударската опрема да лебди во вселената. За да се постигне ова ниво и да се задржат луѓето и роботите на астероидот, тој треба да се врти еднаш или трипати во минута, за да произведе доволно центрифугална сила, сметаат истражувачите.

Секако, ќе биде потребна многу голема подготовка за ова да стане реалност. Треба да знаеме дека астероидот нема да има опасност да се раздели.

Астероидното рударство е прилично голема работа: има добри шанси овие меѓуѕвездени камења и други објекти блиску до Земјата да ни дадат ресурси што ни се потребни за да патуваме длабоко во вселената, без да мораме да се потпираме единствено на Земјата за резерви и гориво.

Ако сакаме да поставиме постојани домови надвор од оваа планета, тогаш има смисла да се искористи она што е близу - токму тука доаѓа астероидното рударство. Сепак, потребно е астероидот внимателно да се следи за време на рударењето, во случај неговата ротација да се забави или самиот камен да се распадне.

- Тука границата меѓу науката и научната фантастика е матна. Претчувствувам дека ќе бидат потребни најмалку 20 години пред да се случи какво било астероидно рударство, а камоли нешто вакво - вели Мајндл.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука