НАСА ќе испрати две нови мисии на Венера за да ги истражува атмосферата и геолошките карактеристики на планетата. Секоја од мисиите ќе чини 500 милиони долари, а тие ќе бидат лансирани помеѓу 2028 и 2030 година.
Како што изјавил директорот на НАСА, Бил Нелсон, мисиите ќе овозможат истражување на планетата на која агенцијата не била повеќе од 30 години. Последната мисија што ја посетила планетата била во 1990 година, иако оттогаш повеќе мисии поминале покрај планетата.
Едната мисија, наречена „Давинчи +“, ќе има цел да ја анализира атмосферата на планетата за да истражи како се формирала и менувала, а треба да открие и дали на Венера некогаш имало океан и тектонски плочи. Втората мисија, „Веритас“, ќе направи мапа на површината на планетата за да се разбере геолошката историја.
Венера е втора најблиска планета до Сонцето и најтопла планета во Сончевиот Систем. На површината температурата достигнува 500 Целзиусови степени, што е доволно за топење олово.
Извор:
BBC