X
 16.09.2023 Наука

Главните сознанија од извештајот на НАСА за НЛО

Американската вселенска агенција НАСА објави детали од извештај за неидентификувани појави, израз кој се користи за да се опишат летечки објекти (НЛО) кои не може да бидат идентификувани. Извештајот бил започнат пред една година, а НАСА имала цел да види дали може да се анализираат податоците собрани од жителите и невладини извори. Еве што се дознава од овој извештај, кој беше претставен на настан на 14 септември.

НАСА треба да биде повеќе проактивна кога станува збор за НЛО

Во извештајот се вели дека вселенската агенција треба да користи подобри техники и алатки кога бара НЛО бидејќи моменталната технологија не е дизајнирана за оваа цел. Потребно е користење на подобра технологија која ќе доведе до повеќе податоци.

Има многу сведоци на НЛО

Извештајот открива дека многу луѓе забележале НЛО, а голем дел од овие сведоци се воени пилоти. Многу од овие настани оттогаш биле објаснети, но нема објаснување за некои.

Нема потреба да се заклучи дека НЛО се вонземјани

Во извештајот пишува дека галаксијата не завршува со нашиот Сончев Систем, но нема причина да се заклучи дека некое НЛО е дело на вонземјани. Постојат многу мисии кои бараат знаци на живот во вселената, а барањето знаци за вонземна технологија е само дополнување на сите тие мисии.

Сателитите би можеле да се користат во потрагата по вонземјани

Во извештајот стои дека НАСА е во одлична позиција да придонесе во решавањето на мистериите поврзани со НЛО со своите сателити. Сателитите може да помогнат во откривањето и анализата на НЛО.

Вештачката интелигенција може да помогне

Според истражувачите, вештачката интелигенција и машинското учење се основни алатки за откривање ретки појави како НЛО. Меѓутоа, овие техники ќе функционираат само доколку имаат доволно податоци.

Конечниот заклучок во извештајот е дека има уште многу за учење кога станува збор за НЛО. Меѓутоа, независните истражувачи не откриле ниту еден доказ дека НЛО имаат вонземно потекло, иако не се знае што се тие.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука