Астронаутите досега однеле многу опрема на Месечината, но и некои сосема необични предмети. Ова се некои од најнеобичните работи што се нашле на Месечината.
Леб и вино за причесна
Баз Олдрин, астронаут на мисијата „Аполо 11“, носел причесна на Месечината. Тој бил член на Презвитеријанската црква и го прашал пасторот како да го обележи спуштањето на првите луѓе на Месечината. Свештеникот подготвил причесна и Олдрин ја однел на Месечината. Се причестил веднаш по слетувањето.
Лава од Орегон
НАСА ги подготвувала астронаутите за прошетка по Месечината така што организирала тренинзи на Земјата. Орегон имал неколку места што потсетувале на површината на Месечината, па астронаутите често престојувале таму. Астронаутот Џејмс Ирвин одлучил на Месечината да однесе парче стврдната лава од Орегон.
Делови од леталото на браќата Рајт
Браќата Рајт биле од Охајо. Астронаутот Нил Армстронг од мисијата „Аполо 11“ исто така потекнувал од Охајо и во чест на пионерите на летањето однел дел од нивното летало на Месечината.
Плоча од универзитет
Сите три астронаути на мисијата „Аполо 15“ студирале на Универзитетот во Мичиген, па одлучиле да ѝ оддадат почест на оваа високообразовна институција. Го основале Здружението на алумни универзитетот со седиште на Месечината. Дури и оставиле плоча на која пишува „Здружение на алумни од Универзитетот во Мичиген“.
Значки
Некои од астронаутите однеле значки на Месечината. Во мисијата „Аполо 11“ на Месечината завршила значка во облик на орел што носи гранка маслинка, како традиционален симбол на мирот. Во оваа мисија астронаутот Ален Бин ја оставил својата сребрена значка.
Семејна фотографија
Астронаутите носеле разни фотографии на Месечината, но најпозната е онаа што во мисијата „Аполо 16“ ја оставил астронаутот Чарлс Дјук. На неа се наоѓаат Дјук, неговата сопруга Дороти и неговите два сина Чарлс и Томас. Под неа пишувало:
„Ова е семејството на астронаутот Дјук од планетата Земја. Слета на Месечината во април 1972 година“. Се претпоставува дека по кратко време била уништена од сончевата светлина.
Две голф-топки и палка
Алан Шепард бил првиот Американец што патувал во вселената и еден од астронаутите во мисијата „Аполо 14“. Тој однел на Месечината две голф-топки и палка. Дури и се обидел да изведе неколку удари. Топките сè уште се на Месечината, а палката ја вратил на Земјата. Се наоѓа во музејот USGA во Њу Џерси.
Силициумски диск со порака од Земјаните
Армстронг и Олдрин оставиле силициумски диск со големина на паричка во кој биле напишани пораките за мир од 73 држави, меѓу кои и пораките на кралицата Елизабета II, Индира Ганди и на папата Павле VI.
Дискот може да опстане на Месечината илјада години. Тој е траен доказ дека многу лидери, и покрај напнатите односи што владееле во 1969 година, биле обединети во оваа мисија.
Пердув од сокол
На
Месечината нема воздух, па опкружувањето е идеално за демонстрирање физички експерименти кои зависат од отпорот на воздухот.
Астронаутот на мисијата „Аполо 15“, Дејвид Скот, се обидувал да го проба принципот на Галилеј според кој лесните и тешките предмети паѓаат со иста брзина доколку нема отпор на воздухот. Тој од иста висина фрлил пердув од сокол и чекан, па и двата предмети паднале во исто време.