X
 12.02.2019 Живот

Зошто никој не ги купи сликите и предметите на Хитлер?

Пет слики за кои се вели дека се дело на Адолф Хитлер не најдоа купувач на аукцијата во Нирнберг, Германија, која предизвика бес поради продажбата на нацистичко наследство.

Од аукциската куќа „Вајдлер“, која ги стави на продажба пејзажите, не наведоа зошто продажбата не била успешна и истакнаа дека предметите би можеле да бидат продадени подоцна, но не истакнаа точен датум кога би можело да се случи тоа.

Високите почетни цени на сликите меѓу 19.000 и 45.000 евра, заедно со сомнежите околу нивната автентичност пред самата аукција, можеби ги оладија потенцијалните купувачи, пренесуваат западните медиуми.

Градоначалничката на Нирнберг, Улрих Мејли, претходно изјави дека продажбата е невкусна. Меѓу предметите што не се продадени е и слика од езера и плетен стол со свастика за кој се претпоставува дека му припаѓал на Хитлер.

Пред аукцијата властите запленија 63 уметнички дела поради сомнежи во автентичноста и покрај потписот А.Х. или А. Хитлер.

Аукциската куќа сепак успеа да продаде два предмета кои наводно му припаѓале на Хитлер - порцеланска вазна за 5.500 евра и покривка за маса за 630 евра, што им беше и почетната цена. Плетениот стол бил понуден за 6.500 евра, но немало интерес.

Сите дела, без разлика дали се запленети или не, доаѓаат од 23 сопственици, наведуваат од куќата, негираат дека има какви било нерегуларности и наведуваат дека соработуваат со полицијата и обвинителството.

- Тоа што делата се проверуваат не значи автоматски дека станува збор за фалсификат - истакнуваат од „Вајдлер“.

Аукциите на кои се продаваат дела на Хитлер редовно се предмет на полемика во Германија.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот