Скелет на тираносаурус е продаден за неверојатни 31,8 милион долари на аукција. Продавач е филмското студио „20 сенчури“, а купувачот сè уште не е познат.
Инаку, комплетните скелети од диносауруси ретко се продаваат на аукција, а претходниот што бил продаден достигнал цена од 8 милиони долари.
Фото: Pixabay
Скелетот е висок 4 метри, а долг 12 метри и веројатно нема да го собере во обична дневна соба. Меѓутоа, некој што би потрошил 31,8 милион долари за скелет од диносаурус веројатно има и поголема дневна соба или просторија во која би го собрало скелетот.
Автор: Марк Серелс
Извор:
cnet.com