X
 12.02.2016 Култура

Ова е најскапиот автомобил некогаш продаден на аукција

автомобил

 

Еден од најретките „Ferrari“ автомобили стана најскапиот автомобил некогаш продаден на аукцијата.


Цената којашто автомобилот ја достигна беше 36 милиони долари. Постојат само четири видови на Ferrari 335 S Spider Scaglietti, произведени во 1957 година. Аукциската куќа „Artcurial Motorcars“ го стави возилото на аукција за време на годишната продажба „Retromobile“ којашто се одржа во Париз. Аукционерите таму автомобилот го споредиле со сликите на Пикасо и скулптурите на Родин.

Работилницата на „Ferrari“ го опреми моделот со 4.1 литарски V12 мотор, давајќи му масивни 400 коњски сили и овозможувајќи да достигне максимална брзина од 305 километри на час, невидена за периодот кога бил создаден автомобилот. Фактот што автомобилот бил возен од страна на некои од најдобрите возачи, вклучувајќи го и британскиот Формула 1 шампион, Мајк Хоторн и Стирлинг Мос, само ја зголеми цената на автомобилот. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура