Еден хотел во Шангај „вработил“ роботски персонал поради избивањето на новиот коронавирус.
Роботот користи паметна технологија, а главната цел е да се ограничи контактот помеѓу луѓето и на тој начин да се спречи можноста за ширење на вирусот, објави кинеската новинска агенција Синхуа.
Корисниците можат да резервираат соба преку новиот систем, а дури и самите можат да извршат чекирање во собата откако апаратот ќе им ја измери телесната температура.
Послугата во собата им носи заштитни маски и средство за дезинфекција на рацете. Ако им е потребно нешто, обезбеден им е робот за послуга во собата.
Фото: Printscreen/Youtube