Извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос, е меѓу најбогатите луѓе на светот. Дали тоа значи и дека е меѓу најпаметните луѓе на светот? Според него, тоа не е точно.
Безос на почетокот на своите студии изучувал физика на Универзитетот „Принстон“. Тој бил еден од најдобрите студенти во својата генерација, но не сметал дека бил доволно паметен за да се натпреварува со другите. Затоа, се запишал на друга студиска програма - електротехника и компјутерски науки. Тој чекор му го смени животот на Безос.
Фото: Unsplash
- Погледнав низ просторијата и ми беше јасно дека има тројца студенти што беа многу подобри во физика од мене и за нив таа беше многу, многу полесна - рекол тој за „Вајрд“ во 1999 година.
Тогаш сфатил дека требало да се натпреварува со луѓе на кои мозокот им функционира поинаку. Безос се сеќава на случај кога не можел да реши математичка задача заедно со својот цимер. Конечно, двајцата одлучиле да побараат помош од трет студент кој веднаш го знаел решението. Тогаш Безос знаел дека треба да бара друга кариера.
- Тоа беше важен момент за мене бидејќи сфатив дека никогаш нема да бидам добар теоретски физичар - изјавил за „Економик клаб“.
Во повеќето професии ќе оставиш придонес ако си во 90. перцентили. Во теоретската физика, треба да бидеш во најдобрите 50 луѓе во светот или нема да си од голема помош, смета најбогатиот човек во светот.
Безос ја сменил студиската програма и се посветил на основање и водење на сопствениот бизнис. Дипломирал на „Принстон“ во 1986 година на електротехника и компјутерски науки. Во 1994 година, додека работел во инвестициски фонд, Безос открил дека интернетот расте за неверојатни 2.300 % годишно, што го инспирирало да го основа „Амазон“ како онлајн-книжарница во 1995 година. Денес оваа компанија има вредност од над 1 трилион долари.
Извор:
cnbc
Насловна фотографија: Википедија