X
 12.02.2020 Живот

Поради силната бура, ветерниците во Германија произвеле струја како 44 нуклеарни електрани

Најмалку седум лица загинаа во бурата што експресно мина низ Европа и сега тргна кон исток. Таа го попречи нормалниот сообраќај и остави илјадници домови без електрична енергија.

Но, поради огромната брзина на ветровите, донесе и неочекуван профит за Германија. Турбините на ветерниците вртеле со толку голема брзина што од нив била произведена струја колку што произведуваат 44 нуклеарни електрани, јави Би-би-си.

Силниот ветар во Полска симна покрив од една продавница, при што загинаа една жена и нејзините две ќерки, а таткото бил повреден.

Еден маж загинал кога му се превртел чамецот во Шведска, а друго лице исчезнало. Две лица загинале во своите автомобили, едното во Германија, а второто во Словенија.

На островот Корзика биле регистрирани ветришта со брзина од 220 километри на час, придружени со силни дождови и поплави. Тамошните власти изјавиле дека силните ветрови го прошириле пожарот на островот, а пристаништата во Корзика денеска се затворени.

Ветар со бризна од над 200 километри на час бил измерен и на северот од Италија, каде што една 71-годишна жена од Ломбардија загинала кога била погодена од остатоци од покрив.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот