Германија во вториот квартал од годинава потона во техничка рецесија. БДП на Германија во тој период се намали за 0,1 отсто, соопшти Дестасис.
Во вториот квартал дојдоа до израз сите негативни последици од трговската војна. Освен тоа, во германската економија во вториот квартал има и пад на инвестиции во градежништвото.
Според аналитичари, таква состојба не е неочекувана. Инфо-институтот во најновата процена на расположение на германските потрошувачи го намали индексот на оптимизам од веќе негативните 2,1 во јуни на негативни 5,7 во јули, што е најниско ниво во изминатите седум години. Тоа е и првпат „економските песимисти“ во Германија да ги надминат оптимистите.
Извор: МИА