X
 12.02.2020 Живот

Се намалува бројот на пингвини на Антарктикот

Новата научна експедиција на Гринпис на Антарктикот утврди драстично намалување на бројот на пингвините таму. Во една од колониите што биле цел на истражувањето тоа намалување е за 77 отсто во споредба со 1971 година.

 - Ова укажува на огромни промени во екосистемот околу Јужниот Пол во последниве 50 години. Тоа подразбира и промени во синџирот на исхрана, што влијае и врз пингвините - изјави д-р Хедер Линч, професорка при Универзитетот „Стоуни Брук“ во Њујорк, САД, и еден од раководителите на експедицијата.

Д-р Линч смета дека на тоа влијаат повеќе фактори, но главниот се климатските промени. Со тоа се согласува и нејзиниот колега – зоологот Ноа Страјкер, кој истакна дека нешто не чини во екосистемот.

- Пингвините, фоките и китовите зависат од криловите (планктони), а тие, пак, зависат од мразот. Значи, ако климатските промени влијаат врз мразот, тоа влијае врз сè друго - вели Страјкер.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот