X
 04.09.2016 Наука

Појава на лазурни езера на Антарктикот

Од птичја перспектива, езерата изгледаат преубаво, но имаат погубно влијание врз топењето на ледената покривка, која нè приближува кон голема катастрофа.


Езерца на Антарктикот.


Вестите за климатските промени и последиците произлезени од нив секој ден се побројни и понепријатни. По уништувањето на коралните гребени во делови од светот и десеттиот по ред најтопол месец откако постои мерењето, научниците особено ги загрижува појавата на илјадници мали кристално сини езера на површината на ледената плоча на источен Антарктик.

По анализите направени врз основа на илјада сателитски фотографии, научниците потврдиле дека постои истиот проблем со кој се соочуваше Гренланд пред неколку години, а кој предизвикал топење на трилијон тони мраз. Станува збор за исчезнување на секое од осумте илјади такви езера на Антарктикот со пропуштање на ледената плоча или прелевање преку неа во океанот. Во двата случаи, се случува мешање на ладната вода со океанот и создавање на силни витли или забележливо одделување на мраз од површината, што предизвикува испукување и последователно топење на ледената плоча. Најдобрата опција е со текот на времето тие езерца повторно да замрзнат, но од досегашните искуства, тоа не е чест случај.

Особено треба да нè загрижува фактот што научниците до неодамна сметале дека источен Антарктик е релативно стабилен и дека климатските промени не извршиле големо влијание врз тоа подрачје, но овие неодамнешни појави потврдуваат дека ниедно место на планетата Земја не е имуно на промените. Засега сè уште не е алармантно, бидејќи овие езерца немаат големо влијание врз топењето на мразот, но ако температурите продолжат да растат, во наредните неколку години може да се случат промени. На полошо.     


Антарктик.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука