Глечер со големина од околу 450 квадратни километри се раздели и падна во западниот дел на Антарктикот.
Научниците го очекувале тоа бидејќи веќе неколку месеци набљудувале две големи пукнатини на тој глечер. Глечерот што се разделил од ледениот брег се распаднал на ситни делови.
Научниците велат дека ваквите појави стануваат сè почести. Пред да дојде до драстично затоплување на климата, ваквите појави се случувале еднаш на четири години, а сега се случуваат еднаш во годината.
Делови од Антарктикот се загреваат побрзо од остатокот на светот, а научниците од ОН сметаат дека топењето на мразот е првиот знак на неповратни климатски промени.
Островот Пајн, на кој се случило ова, е еден од големите глечери што ги проучуваат научниците. Тие посочуваат дека сега набљудуваат глечер двојно поголем од Њујорк, кој секој момент може да се одвои бидејќи и на него се забележани пукнатини.
Извор: МИА