X
 12.02.2024 Наука

Колку луѓе биле каснати од ајкула во 2023 година?

И покрај сензационалистичкото прикажување на ајкулите во филмовите, врвните предатори од океанот имаат многу повеќе причини да се плашат од луѓето, отколку обратно.

И покрај тоа што милиони луѓе пливаат во океаните секоја година, само 91 лице биле каснати од ајкули во 2023 година и само 10 од тие каснувања биле фатални, според новиот извештај од Природонаучниот музеј на Флорида. Од сите каснувања, 69 биле неиспровоцирани, додека 22 биле испровоцирани, дефинирани како интеракција иницирана од човек, како што е обидот да се допре или нахрани ајкула. Овие бројки - пријавени од службениците за безбедност на плажите, болничкиот персонал и другите одговорни за итни случаи - се во согласност со петгодишниот глобален просек.

- Фактот дека толку малку каснувања се случуваат секоја година ни дава прилично силен показател дека ајкулите се обидуваат да нѐ избегнат - истакна Џо Мигез, морски еколог од Универзитетот на Флорида во Гејнсвил, кој собрал податоци за извештајот.

- Ако ајкулите мислат дека луѓето се плен, ќе има илјада напади од ајкули секој ден – вели тој.

Во 2023 година повеќе од половина од неиспровоцираните каснувања од ајкули се случиле во Соединетите Држави, вкупно 36. Тоа е помалку од претходната година, кога биле регистрирани 41 напад. Следејќи ги долгорочните трендови, речиси една четвртина од сите неиспровоцирани каснувања на глобално ниво се случиле на Флорида. Ова се должи на богатото крајбрежје на државата, изобилството на риби и луѓето што пливаат во текот на целата година.

Од речиси 550 познати видови ајкули, само три предизвикале смртност во 2023 година: големите бели ајкули (Carcharodon carcharias), бул ајкули (Carcharhinus leucas) и тигрести ајкули (Galeocerdo cuvier).

Колониите на фоки често се појавуваат во близина на локациите за сурфање, па тие исто така ги привлекуваат сурферите да доаѓаат во поголем број.

- Овие каснувања од бели ајкули би можеле да бидат повообичаени бидејќи повеќе луѓе сурфаат на тие локации, а популацијата на ајкули продолжува да расте - вели Нејлор, генетичар за популацијата на ајкули и програмски директор на Меѓународната датотека за напади од ајкули при Универзитетот ма Флорида.

Популацијата на ајкулите опаднала за повеќе од 70 проценти на глобално ниво во текот на изминатиот половина век, главно поради зголемениот риболовен притисок, што ги исцрпува нивните извори на храна.

- Овие древни суштества биле на планетата 100 пати подолго од луѓето и имаат „магични трикови“ - како што е способноста на многу видови ајкули да се движат од солена во слатка вода - што може да нè научи многу за тоа како другите суштества преживуваат - вели Нејлор.

Иако шансите да бидете каснати од ајкула се неверојатно мали, Нејлор нуди едноставни совети: „Не пливајте сами. Не пливајте премногу далеку од брегот. Не пливајте взори или на самрак“.

Извор: Sciencenews.com

Фото: Pexels

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука