Доналд Трамп е најнесекојдневен кандидат уште од кога се покажа на златен ескалатор за да го најави своето кандидатство минатиот јуни. Како Трамп би се однесувал доколку би бил претседател, во споредба со републиканците.
Геј правата
Во минатото Трамп го има прифатено геј бракот. За време на кампањата изјави дека бракот е за маж и за жена и дека државата не треба да ги препознава паровите од ист пол. Сепак, после пукањето во геј дискотека во Орландо, Трамп им порача на геј гласачите дека се грижи за нив повеќе од неговата спротивничка, Хилари Клинтон. Тој исто смета дека бракот помеѓу мажот и жената е основа за слободна заедница. Го обвинува и Барак Обама за наметнвање на социјални и културни револуции на американците и погрешно дефинирајќи ги сексуалните ориентации.
Национална безбедност
Трамп смета дека националната безбедност ќе биде решена со непробивачки ѕид околу планините, пустините и полињата на границата САД - Мексико. Цената на овој проект би била околу 12 милијарди долари, кои според него, би биле платени од Мексико преку тарифи, визи и слично.
Миграции
Минатиот декември Трамп повика за привремено затворање на границите на САД за сите муслимани. Се`уште смета дека е добра препорака и дека треба да бидат банирани сите нации кои имаат историја на тероризам, посебно против САД или нејзините сојузници. Тој исто така ја подигна кампањата за прочистување на имигрантите од Мексико, обвинувајќи ги за продавање дрога и за нација која силува во САД. Започна масовно депортирање на 11 милиони имигранти без документи кои моментално живеат во САД, и кажа како бројот на легални имигранти кои се родени во САД ќе се намали.
Зделки и договори
Трамп признава дека претходните договори кои ги има направено се слабо дискутирани, без заштита на работниците и интелектуалнито имот. Тој го нарече Транстихоокеанското партнерство - „силувањето на нашата земја“ и предложи сите партнери во замените со САД кои работаат неферски, да подлежат на огромни тарифи. Исто така вели дека ќе ги казни сите американски компании кои ги имаат преместено нивните фабрики на производство во други земји за да искористат помали даноци и работна сила.
Надворешна политика
Трамп ја нарече американската надворешна
политика некомплетна и катастрофална, бидејќи немала визија, цел и стратегија. Кажа дека нема да постои пријателство никогаш помеѓу САД и Израел и дека можеби ќе го започне повторно преговарањето со Иран за нуклеарната програма. Кога ја спомнува Кина, тоа е секогаш во контекст за замена или економија. Тој вели дека САД пред се треба да биде непредвидлива со нејзината надворешна политика.