X
 11.01.2018 Технологија

Дали паметните телефони нѐ заглупавуваат?


Паметен телефон
(Фото: Pixabay)


Користењето на паметните телефони расте, а до крајот на 2023 година се очекува повеќе од 90 проценти од возрасната популација во развиените земји да имаат смартфон, наведува Deloitte во истражувањето со наслов „Трендови во областа на технологиите, медиумите и телекомуникациите“.

Како што се истакнува во истражувањето, 85 проценти од луѓето меѓу 55 и 75 години исто така ќе бидат сопственици на паметен телефон.

Deloitte предвидува и дека корисниците за пет години, односно до 2023 година, во просек ќе го употребуваат телефонот 65 пати дневно.

Истовремено се додава дека 45 проценти од возрасните корисници на смартфони и 65 проценти од популацијата меѓу 18 и 24-годишна возраст ќе бидат загрижени дека премногу ги користат телефоните за определени активности и ќе се обидат да ја ограничат употребата во 2018 година.

Се очекува и повеќе од милијарда корисници на паметни телефони да креираат некаква содржина со „проширена реалност“ барем еднаш во 2018 година, а најмалку 300 милиони корисници тоа го прават барем еднаш месечно, во споредба со десетина милиони кои истото го практикуваат на неделно ниво.

Deloitte предвидува дека традиционалното гледање телевизија ќе опаѓа за околу пет до петнаесет проценти на годишно ниво кај популацијата на возраст меѓу 18 и 24 години во САД, Канада и во Велика Британија во текот на оваа и следната година.

Таа стапка на опаѓање е слична на стапката во претходните седум години и не се влошува, а факторите што ги одвраќаат младите луѓе од традиционалната телевизија, како паметните телефони, социјалните медиуми и видеопиратеријата, полека ја достигнуваат точката на презаситеност.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија