Многу мислители уживаат во научна фантастика, некои ја создаваат, а Артур Ч. Кларк веројатно имал ум за прецизно да ја изработи од секој нејзин аспект.
Во неговите “Childhood’s End”, “Rendezvous with Rama” и “Space Odyssey”, тој предвидува вистински елементи од иднината на човештвото како што се 3Д печатари и интернет. Во 1984 година му било поставено прашање за тоа кои се неговите омилени научно фантастични филмови. Еве ја листата со 12 наслови:
1. Metropolis (1927)
2. Things to Come (1936)
3. Frankenstein (1931)
4. King Kong (original version) (1933)
5. Forbidden Planet (1956)
6. The Thing from Another World (original version) (1951)
7. The Day the Earth Stood Still (1951)
8. 2001: A Space Odyssey (1968)
9. Star Wars (1977)
10. Close Encounters of the Third Kind (1980)
11. Alien (1979)
12. Blade Runner (1982)
Изборите на Кларк, кои вклучуваат некои очигледни наслови, класици и современи сензации, се добро заокружена група која ќе му служи на било кој што до прва влегува во тој свет, како и во студирањето и искусувањето на најдоброто што Холивуд може да го понуди од тој агол.