X
 04.11.2022 Живот

Во Африка ќе се гради зелен град без автомобили и без отпад

Најголемиот одржлив град во Африка без автомобили и отпад, вреден повеќе од 20 милијарди долари, треба да почне да се гради околу 2025 година на југот на континентот.

Градот, кој ќе биде наменет за 150.000 жители, наречен „Д Паркс“, треба да биде целосно самоодржлив, односно да ја произведува целата своја енергија, вода и храна.

Инвеститорот УРБ чие седиште е во Дубаи, објави дека градот ќе им обезбеди на жителите највисок светски стандард на одржлив живот на површина од 17 квадратни километри во источниот јужноафрикански регион. 40.000 стана во 12 станбени квартови ќе се пофалат со комбинација на станбени, медицински, туристички, забавни и едукативни елементи.

1
Фото: URB

Економијата на градот треба да биде автоматизирана и дигитална, а се очекува повеќето работни места да бидат поврзани со зелената технологија. За да биде на највисоко ниво, при планирањето, изградбата и функционирањето на градот, наводно ќе се отворат 40.000 работни места.

- Пејзажот е дизајниран да промовира социјална одржливост и активен животен стил. Некои од овие карактеристики вклучуваат фитнес-станици на отворено, земјоделски парцели, спортски терени на отворено, патеки за џогирање и велосипедизам, јавен уметнички простор и концерти на отворено - изјави извршниот директор на УРБ, Бахараш Багхеријан.

2
Фото: URB

Багхеријан наведува дека фокусот на развојот е уникатен мултифункционален зелен 5-километарски пат кој ќе ги поврзе сите згради и центри во населбата.

Со повеќе од 32 километри патеки за џогирање, велосипедизам и јавање, градот ќе ги обезбеди и најзелените и најбезбедните начини на активен транспорт. Опкружен со природен резерват, со сместување во екоодморалиште со пет ѕвезди и екоколиби, градот може да биде привлечно место за туристите.

3
Фото: URB

Извор: Punkufer.hr
Фото: URB
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот