Скандинавската архитектонска компанија „Ц.Ф. Молер архитектс“ ја однесе одржливата архитектура на едно сосема ново ниво со изградбата на кулата „Кајштаден“, највисоката зграда од дрво во Шведска.
Кулата се наоѓа во Вестерос, град на околу еден час оддалечен од Стокхолм. Зградата има 8,5 ката и е изградена од многуслојна пилена граѓа. Архитектите проценуваат дека употребата на цврсто дрво наместо бетон за градба е еднакво на 550 тони заштеда на јаглероден диоксид во текот на животниот век на градбата.
Зградата е дел од новото централно соседство во близина на брегот на oкругот Остер Маларстранд, во источниот дел на Вестерос. Освен дрвото, новото соседство ќе вклучува систем за споделување електричен чамец.
Покрај намалувањето на отпечатокот од јаглерод на зградата, употребата на цврстото дрво резултира во херметички и енергетски ефикасна градба без додадена изолација.
- Зградата во Кајштаден претставува ново поглавје во историјата на градежништвото бидејќи во моментов е највисоката зграда од тврдо дрво во Шведска - изјави Ола Џонсон, партнер на „Ц.Ф. Молер архитектс“.
- Преку истражувачки проекти и други наши дрвени проекти, се фокусиравме на иновациите и придонесовме за развој на високи згради направени од дрво. Индустриската технологија на дрво им овозможува на архитектите подобри алатки за дизајнирање прекрасни куќи со висок степен на детали - додава таа.
Фото: Nikolaj Jakobsen via C.F. Møller Architects