X
 06.02.2021 Здравје

Со дронови ќе се пренесуваат вакцини против Ковид-19 во делови од Африка и САД

Еден од предизвиците на компаниите што ги произведуваат вакцините против Ковид-19 е нивната дистрибуција. Најголем проблем претставуваат условите во кои треба да се чуваат вакцините, односно ниските температури на кои треба да стојат. Тешко е да се однесат вакцини на изолирани локации за брзо време, па затоа некои вакцини ќе се пренесуваат со дронови.

„Зиплајн“ е компанија што пренесува крв за трансфузија до рурални клиники преку дронови. Оваа пролет компанијата ќе почне да пренесува вакцини во земјите во кои работи, а тоа се Руанда, Гана, Танзанија и делови од САД.

Компанијата ќе ги чува вакцините на ниска температура во своите логистички центри, а кога некоја клиника ќе има потреба од вакцини, дрон ќе ги однесе за приближно еден и пол час. На тој начин ќе се одбегне потребата од замрзнувачи во руралните клиники.

Вакцините ќе бидат во кутија во дронот која ја приспособува температурата. Кутиите не се студени колку замрзнувачите, но доволно за да не се расипат вакцините при пренесувањето.

„Зиплајн“ има пренесувано и други вакцини на овој начин низ Африка.

Автор: Адел Питерс
Извор: fastcompany.com
Фото: flyzipline.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје