Фондацијата „Менкс вајлдлајф“ бара двајца волонтери кои ќе живеат на далечен остров во близина на островот Ман во Ирското Море.
Волонтерите треба да го бројат фоките на островот во период од девет седмици со цел да се добие увид во нивната бројност. Волонтерите ќе поминат и две седмици во анализа на откритијата.
Обврските вклучуваат дневна посета на локации за броење на новородени фоки и фотографирање на сите возрасни фоки, како и мајките со новороденчињата. Волонтерите ќе добијат сместување на островот и надомест од 40 фунти неделно.
Островот Ман привлекува многу морски животни, како фоки, желки, китови и делфини. Регионот е идеална локација за живот за фоките. На островот има 32 плажи и долг брег, а околу 40 отсто од него е ненаселен.
Пријавувањето за работата трае до 18 август. Повеќе информации пронајдете
овде.
Извор:
Indy100
Насловна фотографија: Pixabay