X
 12.03.2021 Технологија

Колку електрична енергија троши светот?

Постојано луѓе низ светот вклучуваат уреди кои трошат електрична енергија. Количеството електрична енергија што ја троши целиот свет постојано расте. Оттука, треба да знаеме колку ќе трошиме во иднина за да одредиме колку електрична енергија му е потребна на целиот свет.

Во 2020 г. биле потребни 3 трилиони вати за снабдување со електрична енергија на целиот свет. Но околу една милијарда луѓе немаат постојан пристап до електрична енергија, а побарувачката за електрична енергија се очекува да порасне за околу 80% до 2050 година.

Истовремено, треба да наоѓаме нови начини за производство на електрична енергија кои би ги замениле старите методи со кои се испуштаат штетни гасови во атмосферата. Денес само околу една третина од електричната енергија што ја произведуваме доаѓа од чисти извори на енергија.

„ТЕД-ед“ во видеото во продолжение го илустрираат производството и трошењето на електрична енергија во светот и ги објаснуваат опциите што ги има човекот за задоволување на поголемата побарувачка на електрична енергија во иднина.


Извор: TED-Еd
Фото: Принтскрин/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија