X
 24.06.2015 Наука

Развиена нова технологија за производство на енергија преку испарување на водата

Истражувачите на универзитетот во Колумбија развија нова технологија способна за генерирање на енергија преку испарување на вода.

 

1

 

Технологијата користи материјал направен од бактериски спори кои се шират или стеснуваат врз основа на влажноста, а тоа движење може да се користи за производство на струја, па дури и напојување на мала машина за да се движи низ масата.


Питер Фрацл, директор на Планк Институтот за честички и интерфејси, смета дека технологијата може да се користи за напојување на телефони, но веројатно нема да може да произведе доволно енергија за „револуционизирање на пренесувањето енергија или други апликации со висока моќ“.

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука