X
 21.08.2024 Живот

Живот во мрак - оваа држава ќе остане без струја до септември

Проблемот со снабдувањето со електрична енергија во оваа земја датира од крајот на граѓанската војна во 1990 година. Цел Либан остана без струја откако последната производна единица на електраната „Аз-Захрани“ престана да работи поради недостиг на гориво.

Ова доведе до прекини на струја низ целата земја, што влијаеше врз клучната инфраструктура во Либан, вклучувајќи аеродроми, пристаништа, пумпи за вода, канализациски системи, затвори и други витални објекти.

Поранешен советник на либанскиот министер за енергетика и водни ресурси изјави дека електраните во Либан би можеле целосно да престанат со работа во наредните денови поради недостигот на гориво во земјата.

Пред почетокот на економската криза во октомври 2019 година, во различни градови и региони населението имаше струја од 12 до 18 часа дневно, а по почетокот на кризата снабдувањето беше намалено на 2 до 8 часа дневно. Во периодите кога во Либан имаше недостаток на резерви од гориво, земјата беше целосно без електрична енергија неколку недели.

Министерот за енергетика Валид Фајад работи на изнаоѓање решение, а првата испорака на дизел се очекува во првата недела од септември.

Фајад ги повика Либанците да бидат трпеливи, нагласувајќи дека бара алтернативи за решавање на ситуацијата. Тој посочи дека тековните политички конфликти го попречуваат решавањето на овој проблем.

Извор: Telegraf.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот