X
 27.06.2023 Живот

Од 1 декември се враќа евтината дневна тарифа за струјата, најави Бислимовски

Од 1 декември се враќа евтината дневна тарифа за електричната енергија во периодот од 13 до 15 часот, објави денеска на прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски.

Тоа, посочи Бислимовски, е максимумот што можевме да го направиме и очекуваме во наредниот период да почне промената на броилата.

- Евтината тарифа не ја воведуваме од какви било политички причини, туку поради сигналот на цената на електрична енергија на сите берзи во Европа, вклучувајќи ја и нашата. Цената на електричната енергија осум месеци наназад е пониска дури и од цената по 24 часот - рече Бислимовски.

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот