Сите честопати ги полниме телефоните додека се возиме во автомобил. Но, треба да знаете дека полнењето на мобилниот телефон додека возите може да биде голема грешка. Зошто?
За почеток, УСБ-приклучокот на вашето возило веројатно обезбедува помалку струја отколку што всушност е потребно за полнење на вашиот телефон. Како резултат на тоа, вашиот телефон едвај ќе се полни.
- Сигурно имате забележано дека вашиот телефон се полни многу бавно додека се враќате дома од работа за време на патувањето од 30 до 60 минути. Ова главно се должи на фактот дека телефонот троши повеќе енергија отколку што обезбедува полначот во автомобилот - вели Бред Николс, техничар во ИТ-компанијата „Стејмобајл“.
Тој напоменува дека со користењето на приклучокот за „запалка“ може да добиете премногу енергија. Новите модели на автомобили обично повеќе не доаѓаат со запалки, но повеќето автомобили и понатаму имаат ваков приклучок. Повеќето приклучоци од 12V можат да напојуваат до 10 ампери, додека повеќето полначи користат еден до три ампери.
Полнењето на вашиот мобилен уред додека возите може да го потроши акумулаторот на вашиот автомобил. Ако го оставите контактот на автомобилот вклучен кога моторот е исклучен, но продолжите да го користите радиото или нешто друго во автомобилот, уредот ќе црпи енергија од вашиот акумулатор. Ова обично не е важно за оние што поседуваат нови автомобили со здрави акумулатори, но ако вашиот автомобил е постар, можеби ќе сакате да избегнете полнење на телефонот преку УСБ-приклучокот.
Ниедна варијанта на полнење на телефонот не нуди поголема струја од само одржување на батеријата на моменталното ниво на полнење. Можеме да го сметаме како помош во ситуации кога треба да направиме важен повик.
Што е најважно, не е безбедно да се користи телефонот кога возите. Ве советуваме да почекате да го вклучите мобилниот кога стигнете дома.
Извор:
Jutarnji.hr
Фото: Freepik