X
 12.04.2018 Технологија

Еве што сѐ може да дознае „Фејсбук“ од вашето селфи

Врз основа на политиките на „Фејсбук“ за приватност и собирање податоци, американските медиуми објавија листа со сите податоци што „Фејсбук“ може да ги собере кога ќе прикачите фотографија. На листата има нешта со кои веќе сме запознаени: „Фејсбук“ нема потреба да ве шпионира преку микрофонот на телефонот зашто веќе му дозволувате да шпионира сè друго што правите.

„Фејсбук“ ги добива вашата фотографија, вашиот натпис и означувањата што ќе ги направите. Социјалната мрежа ги проучува вашите фотографии со техника за препознавање лица за да види кој е на сликата. Тоа значи дека ако се сликате на јавно место, „Фејсбук“ може да препознае повеќе лица на фотографијата отколку што можете вие. Но добива и други податоци.

Со прикачувањето фотографија на „Фејсбук“ вие споделувате каде и кога сте ја направиле фотографијата, каков телефон користите, на кој оператор сте, кои уреди за безжичен интернет и кули за мобилната телефонија се во ваша близина (што може да ја одреди вашата моментна локација) и многу повеќе. Вие дури споделувате и колку батерија имате.


Можете да отстраните некои од овие податоци така што ќе ги промените EXIF податоците на фотографијата или нагодувањата на вашата камера, но некои податоци се споделуваат само со отворање на апликацијата „Фејсбук“.

Значи „Фејсбук“ теоретски може да ја сними локацијата на секој што ќе го препознае, без разлика дали вие сте го означиле на фотографијата или не. Тешко е да запомните дека секојпат кога ќе споделите податоци со „Фејсбук“, мрежата дознава многу за вас. Но, како што се објавуваат нови вести за аферата со крадењето податоци од „Фејсбук“, очекувајте да слушнете многу повеќе за сè што сте споделиле.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија