X
 22.08.2019 Технологија

„Фејсбук“ лансира нова алатка

„Фејсбук“ ја воведе долгоочекуваната алатка која ќе им помогне на корисниците да ја спречат социјалната мрежа да собира информации за нив од други страници и апликации.

Од „Фејсбук“ соопштија дека ќе додадат место каде што корисниците ќе можат да ја видат активноста што мрежата ја следи надвор од сервисот и ќе можат да ја исклучат доколку сакаат.

Оваа алатка најпрвин ќе биде достапна во Јужна Кореја, Ирска и во Шпанија, а во идните месеци и во другите земји.

„Фејсбук“ се соочува со сè поголем надзор од владите поради постапките околу приватноста. Извршниот директор на компанијата, Марк Закерберг, пред повеќе од една година најави дека компанијата работи на создавање на оваа функција.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија