X
 23.01.2019 Технологија

Нова функција на „Фејсбук“ што би била многу популарна кај нас

Популарната социјална мрежа „Фејсбук“ неодамна на сите корисници во САД им понуди нова функција со која ќе може да се контактираат локалните службеници и да се организираат петиции, добротворни акции и така натаму.

Имено, „Фејсбук“ воведе функција наречена „Community Actions“ (Акции на заедницата), која им овозможува на корисниците да контактираат со локалните службеници и да ги известат за нештата што мислат дека треба да бидат преземени.

Функцијата засега е достапна за корисниците на социјалната мрежа во САД. Тие ќе можат да создадат петиција, да означат јавен службеник и да ги повикаат пријателите да ги поддржат. Сите што ќе одлучат да ја поддржат петицијата можат да учествуваат во расправата со другите што ја поддржуваат страницата и да направат настани и хуманитарни акции.

По сè изгледа „Фејсбук“ настојува да ги поврзи луѓето и да им помогне да бидат поактивни во носењето добри и позитивни одлуки за своите локални заедници. Иако оваа функција звучи како нешто што на овие простори би привлекло многу внимание, таа засега е ограничена само на територијата на САД и моментално нема планови за нејзино селење во нашата околина.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија