X
 12.04.2019 Технологија

„Вajбер“ воведе нова услуга

Апликацијата „Вajбер“ воведе нова услуга - „Вajбер локален број“, што ќе биде особено корисна за оние што често патуваат.

Опцијата овозможува корисникот да избере локален телефонски број во земјата на престој и преку него да прима неограничен број телефонски повици и пораки по локални цени.

Услугата засега е достапна само во САД, Канада и во Велика Британија, односно на луѓето што ќе престојуваат во овие земји.

Компаниите што работат на меѓународниот пазар со таа услуга ќе можат да комуницираат со клиентите без трошоци за роаминг.

За првите 10.000 нови претплатници „Вajбер“ нуди промотивна цена од 1,99 евро месечно, додека стандардната претплата ќе изнесува 4,99 евра месечно.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија