Доколку спаѓате во оние кои се иритираа од фактот што не можат да го приспособат звукот на „Вибер“ на своите желби и потреби, ќе ве израдува веста дека од денес ќе можете сами да си го одредувате звукот за секој „чат“.
Сè што треба да направите е да го ажурирате „
Вибер“, и тоа
верзијата 6.8.7.
Освен тоновите, по ваша волја ќе можете да ги „пинувате“ и омилените „чатови“ , така што на врвот секогаш да ви бидат најважните или омилените контакти.
Оваа апликација за разговори ја користат повеќе од 800 милиони луѓе ширум светот.