X
 29.04.2020 Здравје

Граѓаните сега можат и преку „Вибер“ да се информираат за коронавирусот

Владата ги повика граѓаните да ѝ се приклучат на „Коронавирус МК Koronavirus“, вибер-заедницата на Македонија за навремено и точно информирање за справувањето со вирусот.

Од Владата велат дека комуникацискиот канал на „Вибер“ (Viber Community) може да се најде под името „Коронавирус МК Koronavirus“ - како и другите комуникациски алатки создадени за интензивирање на комуникацијата со граѓаните за полесно справување со коронавирусот. Тука спаѓаат страницата koronavirus.gov.mk, мобилната апликација за андроид и iOS и профилите на социјалните медиуми „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Твитер“.


- Целта на новиот канал за комуникација на „Вибер“ е брзо, целосно и точно информирање на граѓаните за сите мерки за справување со коронавирусот од институциите, најнови информации од Министерството за здравство, како и помош на сите граѓани на кои им е потребна точна информација поврзана со ситуацијата - велат од Владата.


ОВА е линкот за вклучување.

Насловна фотографија: Pixabay

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје