X
 01.03.2018 Технологија

„Твитер“ воведува опција што ќе ви се допадне

твитер
Фото: epa

„Твитер“ ја воведе новата опција „букмаркс“, едноставен начин да ги зачувате твитовите на кои сакате повторно да се навратите. Но тоа не сè.

Новото ажурирање на „Твитер“ го прави споделувањето неверојатно брзо. Секој твит ќе има своја икона за споделување со чија помош ќе можете да го обележите твитот, да го испратите во директна порака или да го споделите на некој друг начин.

За да го зачувате твитот, потребно е да кликнете на иконата за споделување што се наоѓа под твитот и да изберете „Add Tweet to bookmarks“. За подоцна да го најдете, кликнете на „букмаркс“ на вашиот профил. Зачуваните твитови можете да ги бришете и додавате во секој момент.

Опцијата за зачувување на твитовите ќе биде достапна за „Ајос“ и „Андроид“, „Твитер лајт“ и „Мобајл.твитер“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија