X
 12.05.2015 Култура

Избрано новото лидерство за Европската студентска унија

Над 100 делегати од 47 национални унии на студенти од 39 држави учествувале на оваа средба. Новоизбраните претставници ќе претставуваат повеќе од 15 милиони студенти во Европа. Нивниот мандат од една година ќе започне на 1 јули 2015 година.

 

esu


Фернандо Галан од Шпанија работел како заменик-претседател на ЕСУ од јули 2013 година, а една година претходно, беше член на Извршниот комитет на ЕСУ. Откако започна со неговото универзитетско образование, тој е вклучен во различни нивоа на студентска застапеност, воглавно во областа на обезбедување на квалитет, онлајн учење и признавање. Како ЕСУ претставник, Фернандо има учествувано во Болоњската група за контрола на различни групи на експерти на ЕУ и УНЕСКО.

„Мојата цел е да го донесам ЕСУ во центарот на вниманието на сцена, создавајќи политика која ќе стои за студентските права, и ќе се грижи сите студенти да имаат еднакви можности и пристап до добар квалитет на високо образование. Треба да изградиме сојуз со другите студентски организации од целиот свет, со цел да учиме едни од други и да ги заштитиме учениците од напади. Сега повеќе од било кога ние треба да бидеме сигурни дека образовниот систем им овозможува на студентите да станат активни членови на демократски, толерантни и отворени оштества“, вели Фернандо.

Кои се новите заменик-претседатели на ЕСУ?

За позицијата на двајцата заменик-претседатели, членови на избирачкиот одбор ги избраа Леа Меистер од Швајцарија и Блаже Тодоровски од Македонија.

Леа Меистер моментално учи Образовни науки и има магистерска диплома за Историја на уметноста во Источна Европа и словенски јазици од Универзитетот во Базел, Швајцарија. Таа има долга историја на студентски ангажман - беше претставник на швајцарската студентска унија и членка на групацијата на болоњските експерти. Од 2014 година, Леа е член на извршниот комитет на Европски студенти.

Блаже Тодоровски студирал право на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Тој е дел од ЕСУ како член на експертите за обезбедување на квалитет, а во последните три години е член на Извршниот комитет. Откако започнал со неговото универзитетско образование, тој е вклучен во студентската застапеност и образовните политики на национално и европско ниво.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура