Пандемијата на коронавирусот влијае врз целиот свет на сличен начин. Ефектот од болеста Ковид-19, која ја предизвикува коронавирусот САРС-КоВ-2, може да биде смртоносна, а лицата што ја прележале се соочуваат и со проблеми со менталното здравје, меѓу другото.
Поради природата на коронавирусот, потребна е комплетна физичка изолација, што го прави целото искуство потешко за пациентите. Медицински сестри во Бразил смислиле како да го копираат човечкиот допир. Станува збор за две ракавици што се врзани една за друга и се полни со топла вода.
Фотографија од „изумот“ го преплави интернетот откако новинар ја објавил нарекувајќи на „раката на Господ“.
Бразил се соочува со нов бран на заразени лица со коронавирусот, а во земјата неодамна беа забележани и над 4.000 смртни случаи како последица од коронавирусот во еден ден. Досега се заразиле над 3 милиони жители на Бразил.
Покрај овие бројки, претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, ја отфрла идејата за полициски час. Тој често бил критикуван поради пристапот во справувањето со пандемијата.
Извор:
news.yahoo.com
Фото: Twitter